За неполни три месеци буџетски минус од 207 милиони евра

Bez autora
Mar 27 2014

Дури 70 отсто од предвидениот буџетски минус за цела 2014 година е веќе искористен заклучно со 19 март. Во овој период се потрошени 207 милиони евра повеќе отколку што се собрани во буџетот, што е значаен дел од вкупно планираната сума од 297 милиони евра. Овие податоци можат да се извлечат од новиот, втор по ред предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии, откако претходно беше опфатен периодот до 14 февруари кога во државната каса за месец и пол бил направен минус од 141 милиони евра, или 48 отсто од вкупно предвидениот дефицит. Вчера Министерството за финасии ги објави и редовните месечни бројки за буџетот во февруари, според кои излегува дека во јануари и во февруари вкупниот дефицит е 123 милиони евра, што е помалку од претходно прикажаниот износ за месец и пол. Инаку, според измените на Изборниот законик, Министерството објавува предизборни финансиски извештаи, кои треба да обезбедат отчетност за потрошените буџетски средства во периодот пред изборното соочување.

За неполни три месеци буџетски минус од 207 милиони евраДури 70 отсто од предвидениот буџетски минус за цела 2014 година е веќе искористен заклучно со 19 март. Во овој период се потрошени 207 милиони евра повеќе отколку што се собрани во буџетот, што е значаен дел од вкупно планираната сума од 297 милиони евра.

Овие податоци можат да се извлечат од новиот, втор по ред предизборен финансиски извештај на Министерството за финансии, откако претходно беше опфатен периодот до 14 февруари кога во државната каса за месец и пол бил направен минус од 141 милиони евра, или 48 отсто од вкупно предвидениот дефицит.

Вчера Министерството за финасии ги објави и редовните месечни бројки за буџетот во февруари, според кои излегува дека во јануари и во февруари вкупниот дефицит е 123 милиони евра, што е помалку од претходно прикажаниот износ за месец и пол.

Инаку, според измените на Изборниот законик, Министерството објавува предизборни финансиски извештаи, кои треба да обезбедат отчетност за потрошените буџетски средства во периодот пред изборното соочување.

Според извештајот, од 1 јануари до 19 март државата наплатила 457 милиони евра преку даноци и други давачки, а во исто време потрошила 665 милиони евра, или повеќе за 207 милиони.

За набавка на стоки и услуги биле потрошени околу 131 милиони евра. „Со нив буџетските корисници навремено ги исплаќаа своите обврски кон добавувачите“, вели министерството во извештајот. За договорни услуги се исплатени 70 милиони евра, а се објаснува дека во рамки на оваа ставка се исплатите за здравствена заштита.

За субвенциите и трансферите се потрошени 86 милиони евра, а тука најголемо учество имаат субвенциите во земјоделството од 65 милиони евра. Се исплаќале и субвенции за народни кујни и енергетска сиромаштија, како и исплати за образование и стипендии. За социјални бенефиции во тој период се реализирани 219 милиони евра, од кои најголем дел, 172 милиони евра биле наменети за навремена исплата на три месечни пензии за 292.748 пензионери.

Од Министерството наведуваат дека за капитални расходи заклучно со 19 март биле исплатени околу 60 милиони евра. „Со нив се исплатени обврските на буџетските корисници според склучените договори. Од овој износ се исплатени средства за извршени работи на Коридорот 10, за изградба и реконструкција на училишта, здравствени установи, спортски објекти...“, велат од министерството. За купување возила за државата се платени над 7 милиони евра, а се нагласува дека тие се за рата за повеќегодишна набавка на автобуси за јавен превоз и за амбулантни возила.

„Реализацијата на приходите и расходите на буџетот е во согласност со планираната динамика и таа непречено се одвива според ликвидноста на буџетот“, се вели во извештајот.

Инаку, вкупните приходи во февруари изнесувале 179 милиони евра, а расходите 271 милион, што значи имало поголемо трошење за 92 милиони евра. Данокот на добивка, персоналецот и акцизата се натфрлени во февруари во однос на јануари, но затоа потфрлил ДДВ.

Во поглед на расходите, пак, тие во февруари се зголемени значајно кај ставката стоки и услуги, за околу 10 милиони евра во однос на јануари, а најмногу кај трансферите, кои достигнале дури 182 милиони евра. Најголем раст е забележан кај ставката други трансфери. Инаку, податоците на трезорот говорат дека само во февруари за капитални инвестиции биле потрошени над 30 милиони евра, наспроти околу 10 милиони во јануари.

Расте интересот за наградната игра

Во Државната лотарија на Македонија нагласуваат дека интересот за наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ во последниов период се зголемува.

Од друга страна, пак, податоците за приливите од ДДВ покажуваат дека тие во февруари се пониски од оние во јануари, за над 11 милиони евра. Или, ако во првиот месец од годинава биле 61 милиони евра, во февруари се свеле на 50 милиони. Ако се направи споредба со декември лани, пак, кога и стартуваше играта, се забележува дека во тој месец приливите од ДДВ тежеле 70 милиони евра, што значи тогаш бил најголем нејзиниот ефект. Приливите од ДДВ во февруари годинава не можат да се споредат со истиот месец лани, со оглед што тогаш ДДВ беше исклучително низок, поради владините исплати по основ на поврат на ДДВ.

Владимир Бахчовановски, прв човек на Државната лотарија, вчера ни изјави дека интересот за играта не се намалува, туку напротив, тој се зголемува. „Процентот на зголемување се' уште не го знам, но ве уверувам дека има пораст, што се гледа од огромниот број вреќи што ни пристигнуваат“, вели Бахчовановски. Тој појаснува и какви пликоа треба да се користат за праќање на фискалните. „Граѓаните треба да испраќаат стандардни бели пликоа. Не се прифаќаат пликоа со проѕирен отвор, со цел да не може да се видат името и другите податоци на испраќачите, туку класични бели пликоа“, вели Бахчовановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik